На лицето на облакот ќе остане тиха сенка.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Времето тежи, мислиш облак ќе удри.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе лета и од облаци ќе ги гледа нашите штури нивички.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе спијам во славејчево гнездо, довикнува, И ни едно ни две, туку ги рашири рацете како воскреснат Лазар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во мигот кога не сме задоволни од сегашноста, кога нашето небо облаците ќе го затскријат, ние ги затвараме очите, за да ни се разоткријат ѕвездите скриени позади нив!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да се може и него ќе го кренеме, над облаци ќе го изнесеме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама муграта си забелува како секој ден, сонцето заизлегува, дури и низ облаци ќе го осветли денот - колку и да е нажалена душата...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)