облак (имн.) - прашина (имн.)

Секој чекор создаваше по едно облаче прашина по кое, таман кога првото имаше намера да слегне, следуваше ново.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Низ ноздрите му фучеа и свиреа силни ветрови кои удираа во земјата и краваа облаци прашина...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низ ноздрите му свиреа и фучеа силни ветрови кои удираа во земјата и креваа облаци прашина, а низ копитата му искреа искри и му ја зовриваа крвта во дамарите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)