облак (имн.) - го (зам.)

Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полека се наоблачуваше. Живо, слично на густа пара, перчиња темнолилави облаци го поклопија голиот врв на ВОдно движејќи се кон градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Облаците го поклопија градот, беа сива корица на една книга со многу испреплеткани тајни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Облак го прекина нејзниот танц во небесната шир.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Облаците го расипуваат нашето, европско небо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сонцето е на заод, бело облаче го прекрило.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)