Но пријателите Гуле, Гуце, Тодор, Марко и друга му дадоа да разбере дека селаните се оружани и ако почне да прави некои лудории како што си имаше обичај порано, ќе го врзат и ќе го предадат на бимбашијата, којшто толку пати ги советува, та дури и замоли да му го предадат Толета: голем бакшиш ќе добиеле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Отепа толку Турци, па нека отепаат и они еден Толе, мајка му стара“, — си рече во умот и ја напушти Градешница со еден пророчки поздрав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)