Мајка по обичај беше станата рано и ги полеваше цвеќињата во градината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој немаше поинаква душа, не живееше во некој друг свет, туку напротив, беше израснат на истата земја како и другите, по истите закони и обичаи беше воспитуван, а сепак стана поинаков од сите нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Обичај беше да го затвораат добитокот в трло, иако опасноста од волци во летниот период, речиси, не постоеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Маалски обичај беше, уште од памтивека, секој да си го мете градинчето пред куќи, макар што тоа беше отворено за минувачите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Затоа не веруваше и не се согласуваше со оние што малодушно, со сета слабост на човечката природа му велеа дека доблеста е тешка, а пороците лесни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Народен обичај беше да се киниса од рано-рано в зори.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)