обележување (имн.) - на (предл.)

Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа на Константин З. му се допадна мерката на неговиот министер-претседател Филов, кога е донесен прописот за задолжително обележување на лицата од еврејски происход, кој налагаше, оние меѓу нив што се заслужни за него, да носат шестоаголни ѕвезди со бела боја и значително помали димензии, наместо покрупните и жолти наменети за обележување на останатите Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Касетирањето и обележувањето на наративниот тек и во овој случај е една од режисеровите непрекинати стратегии на броење или врамување (на пример, изработката на 12 цртежи во филмот „Уговорот на Цртачот“).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова се случуваше онаа година кога го завршија со геометарот Лев од Одеса премерувањето и обележувањео на трасата на пругата за Кочани.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не дека секојдневно ги читам, туку тие ми се како знаменца за обележување на мојата територија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа се „согласничките” алфабети, нпр. арамејскиот, хебрејскиот и арапскиот, во коишто обележувањето на самогласките (со помош на дијакритични знаци) е опционално.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оттогаш не престанаа етничките чистења, колежите, крвавото обележување на границите. Мачни времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)