ноќ (имн.) - ќе (чест.)

Ќе и забериме и за една ноќ ќе му и теслимиме на Јована во Пчишта, а тој веќе од тамо натака ќе си а брка неговата работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако не зборувате така, како што ви велиме, тогаш секојa ноќ ќе сонувате само соништа во кои во густи шуми ќе ве бркаат волци, од матни води ќе излегуваат змејови и со пламени јазици ќе ве горат... и добрите ангели нема да ви дојдат на помош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Идната ноќ ќе ги стави и куклата и мечето кај себе, и можеби тогаш кога ќе заспие, куклата пак шепнешкум ќе ѝ раскажува за чудното полноќно патување, и за златната лулка сплетена од зраците на Месечината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе го оставам светлото запалено и можеби една врнежлива ноќ ќе навратиш до мојот топол дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најслатките подароци на животот сами си ги купуваме и пакуваме, сѐ друго е данајски дар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаеше дека оваа ноќ ќе биде ноќ на читање нечија исповед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во деновивите кога Милја и Нино не можеа да доаѓаат бевме како врзани без нив, моравме да се снаоѓаме сами, среде ноќ ќе ме молеше: "Носи ме во болница, тешко ми е".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Подоцна ќе го пушти цревото со вода во малото бавчуле вдолж десната страна на куќата, и цела ноќ ќе го остави да тече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А, во моментот кога и тој што те работел цела ноќ ќе почне да верува дека навистина те мачела некоја болештина, заедно со неговата жена, да не речам глупача... сите испити ти се положени!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Просто се допиваа наместо веќе да го прават тоа што веќе беше очигледно дека таа ноќ ќе го направат. Ќе почнат да го прават.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаеш ли каква ноќ ќе имаме вечерва?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа ноќ ќе биде гласна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Тие се како седумте џуџиња на Снежана? – праша таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, кога огнот ќе згасне, и откако сите ќе си легнеме, троловите ќе се рашетаат насекаде и цела ноќ ќе играат, пеат и ќе си разговараат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднипати цела ноќ ќе се гледаме со Горачинов, а како за последен пат да се гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Одам ... Таа? Секоја ноќ ќе засветлам над нејзината куќичка, се додека не се претопам во зора... само да ме разбере...да дојде...да се искачи на врвот на планината...да ме повика...“
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во долгите зимски ноќи ќе имаш верен пријател и одличен љубовник!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако си добар ќе ти го остави неговиот телефонски број!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако сме стигнати, тука сме! Ноќта ќе нѐ нафтаса во бавчине...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Само ми се чини дека некоја ноќ ќе го изеде мракот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа ноќ паркот во Гнездо беше преполн.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас таа ноќ ќе си останам во собата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
65 „Некаде во ноќта за нас, а како што ноќта ќе одминува, мислам, натаму по светот, така ќе оди.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)