По навика продолжуваш
да се преправаш
да глумиш жизнерадосност
да бегаш од себеси
„да не се досетат Власите“
си велиш, и тука
се лажеш:
никој не побегнал од себеси
- жив.
Очајот, и покрај сѐ
паѓа, како ноќ
полека, но сигурно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ноќта полека ги довлечка до пустиот парк под виснатите гранки на смерните врби погрбавени во својата молитва.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)