ноќ (имн.) - до (предл.)

Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Воѓе, бели воѓе кај црна црните кого барате? Копје па маж. Копје па маж брегови. Од брег на брег, од ноќ до ноќ прегрнати.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)