ноќ (имн.) - никој (зам.)

Заедно со него го прокрстари и овој реон — мало Мариово, ги најде по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа, Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така надојдоа оние ноќи потоа. Во бараките тие ноќи никој не заспа. Месечината беше сосема сина, полегната во синикав, залебеден плашт над полето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа ноќ никој не заспа. Целото Мацково беше на нога. Кучињата целата ноќ лаеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но не се појави таа ноќ никој, та утредента Арслан го испрати селскиот протуѓер Шиклата да го бара Сефедина, на кого му ја соопшти положбата, молејќи го веднаш да се врати со аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)