ноќ (имн.) - го (зам.)

Легнат на носилка, две жени, во одминати години, цела ноќ го носат прудолу...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога помеѓу Албанија и Македонија (во составот на Југославија), во периодот на сталинизмот и на Информбирото, меѓу двете земји се крена најнепроодната граница во Европа и преку ноќ го пресече протокот и на луѓе од исти семејства, луѓе од Албанија доаѓале до граничната линија означена со висок ѕид од бодликав тел, фрлајќи пари кон Манастирот со надеж дека некој ќе ги однесе до Светилиштето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сакаше да праша дали тој шеф во таа ноќ го посетил и дали се уверил дека не е тоа за што го сметаат кога пак не го затвораат во платнен оклоп, но ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во минатото се успиваше со пуштен телевизор, по цели ноќи го оставаше така, а јас те прекорував. Долги, тешки беа тие ноќи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ги има по пет до шест дневно на македонските телевизии, а во нив постојано ни се сервира веењето на знамето над сите знамиња (што може да се „пикне“ и како делче од облека, декор во судници итн.).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Времето е сè уште студено, иако е почеток на јуни, и во ноќите го вклучувам електричното перниче под јорганот (не можев а да не помислам колкава смрзнувачка е пак зиме, а во Саат-кулата, проверив, нема парно).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зимската ноќ го прифати грмежот и го разнесе над доловите и кориите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долго стоеше, не чувствувајќи како студенилото на јасната зимска ноќ го пробива до коски.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Како што ти сега ќе заминеш по вода така и него таа ноќ го снема“ А потоа се загледа во мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ако преку ноќ го свртам другиот лист? Ако врзам цврсто? Ако те одучам од игри со лудило?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подава раце, го допира подот и пак со скршен и тивок одвај чуен, а ту прониклив и здавен, глув, тажовит и болен, мајчински топол сладок шепот, моли: - Стани, Ристе, стани чедо на мајка, стани...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- За Ристо ли да му кажам дека не знам каде ми е детето? Секоја ноќ го сонувам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Несреќата ја стегна за грло и и ги потсече нозете.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Сестричке моја, сестриче мила, ѝ рекла жената на најстариот брат, од сè срце би им однела ручек на мажите, арно ама ноќеска некој ѓавол ми влезе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој си го избакнал детето во лулката, нежно ја прегрнал саканата, и таа цела ноќ го слушала како ѝ липа врз градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дуко Вендија се врати од џандармерија и Дуковица, цела ноќ го редеше со кромид и со компири по снагата. По изудреното, по набивките
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)