Сега ноќите стануваа сѐ пократки и се стемнуваше пред осум часот, но тие продолжуваа да седат во темница.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од ноќ во ноќ стануваше свесен за неправедната болка што ѝ ја нанесуваше на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Жив показ дека може да се танцува и без музика, дека црвеното навистина секогаш е во мода и дека на изгрејсонце секоја танчерска ноќ станува минато
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Секое дрво во овие ноќи станува по еден вивнат сплет чипка, секоја голинка по еден раскошен вез сребресто и златно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Животите на луѓето преку ноќ стануваат поинакви, се менуваат многу нешта.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Уште стигнувале гласови таму, во Скопје, дека есента постепено, ама сигурно отстапува пред зимата, сонцето сѐ помалку се задржувало на небото, ноќите станувале студени и долги, дечињата почнувале да се разболуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)