ноќ (имн.) - помине (гл.)

Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сеќавав на нашите ноќи поминати без сон во љубовен занос, во мислите ја доловував неговата несредена соба, пепељарата полна со отпушоци од цигари...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бликавме од радост јадејќи роловани кнедлики со телешки мускул и заливајќи ги со кригли старопрамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа ноќ имавме и среќа и пари (замисли Ема, првата ноќ поминав со неколкумина) и, по разденувањето, до пладне славевме во “Хоуби”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)