ноќ (имн.) - оди (гл.)

Три дни и три ноќи одев пеш за да дојдам кај тебе. Сакам да ти бидам ученик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Останаа тие под снегот, а ние го продолживме маршот. Цела ноќ одевме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се сврти, забележа дека во левата дланка стегаше роза. Розата го обеспокои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)