ноќ (имн.) - нема (гл.)

Таа ноќ немаше доволно столови за седење, зашто тие нагрвалија во огромен број, па јас заедно со татко ми одев два-три пати кај тетка Софија и чичко Ѓорѓи во комшии, за да довлечкаме столови, и кај тетка Јовка, за да ми даде лажички, вилушки и тањирчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Преку ноќ нема потреба да станува, освен ако не сака да проверува дали не загаснал огнот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тука е крајот и веќе нема ништо и ноќите немаат име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој разбра веќе дека, како толку пати, и оваа ноќ нема да заспие. Така стануваше со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На моите детски гради го милував белото лице на мајка ми и, а во моите некогаш бисерни очи се топеа нејзините солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ноќ нема, брег нема и само земјата чедно Копа по мраморот довикувања на селаните по молњи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)