ноќ (имн.) - има (гл.)

А темата сѐ уште привлекува академски критичари.225 Но професорите немаат баш некој монопол врз обидите да се опишат особените одлики на кампот: таквите напори започнале многу одамна во заедниците на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бликавме од радост јадејќи роловани кнедлики со телешки мускул и заливајќи ги со кригли старопрамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа ноќ имавме и среќа и пари (замисли Ема, првата ноќ поминав со неколкумина) и, по разденувањето, до пладне славевме во “Хоуби”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жедни бевме за одмор. Во хотелот „Киев“ таа ноќ имаше бал, а сето тоа нѐ однесе во некоја нестварност, во соништа, можеби поради заморот што го чувствувавме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што напиша Ричард Дајер во 1977 година: „Цели ноќи имало расправии за тоа што е, всушност, кампот и што значи“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)