Ох! стори Петра под вагонот. Ноќта дојде брзо и прв пат со ветришта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- За дедо ми прикажував. Отако го закопаа, третата ноќ дојде дома и побара да му го дадат новото кожувче. Му било студено.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
XIV Ноќта дојде полека,смрачено, ѕвездите на небото се појавуваа скржаво, додека најпосле мракот не почна да се сталожува, а светлината на ѕвездите да го притиска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А ноќта дошла побрзо отколку што очекувале, онаа ноќ бескрајно моќна да ги сокрие арамиите, заљубениците и грчот на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога ноќи дојдат, ја спобудалував. Па што правев?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)