нос (имн.) - како (прил.)

Очите му беа речиси затворени, а носот како домат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Попот од нашето село има нос како патка, долг и жолт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Белите лица на браќата, до ситница познати, се менеа, стануваа човечни: немаа ни толку долги, ни толку бели носови како што мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)