нокот (имн.) - во (предл.)

Стружеле и гребеле со нокти во празно, неуко, неполезно, бесмислено. Не долго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но прстите не се продолжиле да ја допрат дршката на ножот ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа испушти едно бесно мјаукање и ми ги зари ноктите во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можев да верувам дека не сфаќа оти мачката ме нападнала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гледам дека има и компири, - мрмореше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ситни парченца восок паѓаа на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа пак ја дофати свеќата, ги зари ноктите во неа и гребеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Без обзир на нашата свест за бесконечното, истовремено го задржавме и потполното чувство за секојдневните работи... COLD TURKEY 3 Не бенигна жед Која работникот го повикува на вино: Ниту жедта на телото (Иако со лудост проколната) Кога устата е полна со песок И очите слепени, и ушите Ја мамат душата да слуша Вода, вода на дофат од раката, Кога човекот ќе ги забие ноктите Во своите гради, и ќе пие крв Иако веќе се потсирува и мати Додека со јазикот дотекува со нејзиното течение, Неговиот мозок се врати во детството. 110 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Последниот обид или последното противење на ова нарушување на личниот интегритет го направив на постојката во Чаир но човекот толку страшно ме погледна и толку силно ми ги зари ноктите в рака што не можев ни да мрднам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)