На ист начин, држејќи се за работ, се наведна и го зграпчи другото ноже на девојчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сепак, гордоста не ми дозволуваше да седнам додека мокрам и само си ветив дека наредниот пат кога ќе го правам тоа длабоко ќе се концентрирам да не испрскам наоколу.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И, да не заборавам, џебно ноже, не чакија или кама, ами ноже на склопување, со отворач за конзерви и сврдел за тапи од шишиња.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)