Жими вера, кажете кој сет, донесете мене нив овдека, бркајте вие работата. Инаку сите под нож ќе клавам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако викнеш, велам, ножов ќе го изедеш до дршка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Само ако си писнал! - му свикав, - ушите со нож ќе ти ги исечам, ќе ти ја искорнам таа твоја нечешлана коса, ќе ти ја затворам устата со катанец од велосипедот, ќе те...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
— Тогаш сите вие кумити, нема што.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа со ножов ќе ти одбележам крст врз чело. За да те препознае твојот шејтан.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таа ќе офне и мене пак студен нож ќе ме удри овде, во срцево.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)