нога (имн.) - додека (сврз.)

Ги фрли симидите во чантата, ги навлече сандалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и неговите, пола пушачи, пола антипушачи во истото оро фатени и помешани меѓу себе, па цела сала да застане на нога додека го влечам најлесно она „тешкото“, со крената глава со болки во вратот и ’рбетот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Друс! Друс! потскокнуваше со обете нозе додека ги сместуваше градите на нивното место во блузата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Черга да постелам, на неа да гази со боси нозе додека му ги крпам чорапите искинати од трњето, од патот изоден каде што заплетувал погрешна мустра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еднаш, кога те затвораат, ќе ти удрат еден дајак сите полицајци по ред и преку ред, додека началникот божем води записник, а потоа ќе те одвлечкаат до визбата како празна вреќа да не можеш да стапнеш на нозе додека лежиш, чекајќи да те осудат. Ако дочекаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А следното утро, 69 на појадок ќе фрлам поглед кон подот и ќе го видам малиот црн куфер покрај неговите нозе додека го мачка путерот на препечениот леб, а Мама не станува од креветот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Играв за нив со здрвена, накуца нога додека тие гледаа во празниот трапез над мене; се проѕеваа, заспиваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)