-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Царицата Ана Ивановна во една прилика науми да се подбие со Херасков дозволувајќи му да пишува стихови само под еден услов: секоја нова песна да ја носи држејќи ја во забите и одејќи на четири нозе низ сите дворски анфилади!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Чакарвелика ниту подзастана, ниту се подзаврте. Продолжи да ги влечка нозете низ сламичиштето и туку рече колку да ја чујат : - И за тоа, деца, кога ќе дојде времето, ќе ви кажам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се завлечка првин на раце и на нозе низ тревата, низ цветните алеи на паркот, крај грмушките, а потоа се исправи и полека се провре низ оградата и излезе на улицата, и знаејќи дека ќе го бараат, скршна по споредни улици и бегаше сè подалеку и подалеку.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги влечкаше нозете низ песокот, кон зградата каде што беше сместена канцеларијата на дежурниот, чувствувајќи како сонцето пробива низ облогата на шлемот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Мора да продолжи да чекори, оти чекорењето е единствениот спас од студот и само со тешкото подигање на нозете низ снегот крвта продолжува да тече низ нив со потребната брзина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие газат со босите нозе низ топлата вода, си играат, трчаат, разговараат. По цел ден.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Како да лебдам во длабока вода, лесно и подвижно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мавтав со нозете низ темниот воздух и не ја чувствував нивната тежина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бреза и Борче, кој сега е во прво одделение, најмногу сакаат да го јават и тој се согласува без збор да оди на четири нозе низ собата, полека, како слон.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тие газат со босите нозе низ топлата вода, си играат, трчаат, разговараат. По цел ден.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)