нога (имн.) - има (гл.)

МАРА: Дробен и сув! А на ногата има белег!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од старчето се цедеше вода. Место обувки какви што им прилегаат на луѓето, на нозете имаше школки. По една на прстите и по една на петиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Место старите војнички потковани цокули на нозете имаше чевли од црн лак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На едната нога имаше трага од крв, веројатно од ударот врз плакарчето кога ја фрлив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако телото ми беше слабо и изгладнето, нозете како да ми беа од олово и едвај ги подигнував од подот, обидувајќи се да истрчам низ влезната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На едната нога имаше убава и нова чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку убави мермерни скали имаше старата куќа во еврејското маало и колку змиулесто беа поставени!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Потем го свртеа муабетот на жени Те вакви нозе имале и онакви газиња имале жените што одеа пред нив Тој што зборуваше за газењето лајна во сонот Сега рече дека жена ако ти дојди дома усмевната Болест ќе ти дојди ама светрум ќе ти помини
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Одеа исправени, на задните нозе, носејќи метално оружје во предните. На нозете имаа чизми. Беа мажи и имаа очи, уши, уста, носови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)