ново (имн.) - семејство (имн.)

Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште баба, од големото турското кадиско семејство од Прилеп, кога како невеста дошла да си ја врзе судбата за новото семејство,во градот крај Езерото, носела јоргованово стебленце за расад, во времето кога нејзинита најблиски, татко и мајка, браќа и сестри, заминувале засекогаш во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така, во домот на татка си, како мома, во родниот Лесковик, вгнезден на границата помеѓу Албанија и Грција, беше видела делови од мебел како во каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте, но не и во крајезерското гратче Поградец, каде што ѝ се закотви животот во новото семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во својот јазик несвесно употребувала и некои албански зборови, не можела да го издржи потсмевот на своите напудрени сестри, облечени во долги фустани ала франга, и скршена се вратила во градот крај Езерото, да го дочека крајот на својот живот со новото семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Судбината ја понесе Ервехе, со новото семејство, во егзилот балкански.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко добро знаеше на какви маки беше изложена Мајка, во новото семејство, во патријархалната заедница, со свекрва, со јатрви и со многу други.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)