Покрај поголемата експлицитност на одредбата, ЗИТ (1997) ја предвидува и дополнителната поволност работникот, своето барање до инспекторот, покрај писмено, да може да го изјави и усно пред него – а новина е воведувањето на можноста инспекциска интервенција да побараат и кандидатите за вработување, односно лицата пријавени на јавен оглас кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претходно, со ЗИТ (1985), беше предвидена помалку експлицитна одредба – која, потоа, беше преземена во стариот ЗРО/93, според која работникот, за заштита на своите права, можеше да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа е така. Разбирате? Работа која се смета за десетина од минута, додека вистинска новина е работата од петсто, од илјада години.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)