нијанса (имн.) - во (предл.)

Иако поставата и сценографијата се инвентивни, тој не развива чувство за нијанси во светлината. 52 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа знаеше како дише Центарот, ги читаше сите нијанси во неговото функционирање и, што можеби е најважно, брзо проникна во психологијата на тој свет кој подоцна го составуваше во коцки, според своето поимање на нештата во нашата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Можам да останам заглавена нијанса во твоите ириси, темна сенка на емоција исчезната од спектарот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Имаше некаква црвена нијанса во тоа разденување, по што не му беше тешко на момчето да заклучи дека преку ноќта небото се изјаснило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги разликувам најмалите нијанси во секоја голтка вино, во секој загриз на плодот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Практичната слика на животот добива свој тон, своја боја, свои нијанси во детското разбирање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
После два месеца ќе разликувате нијанси во букето на скоро исти вина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тие се, очигледно, толку заситени со женствени значења и толку упатуваат на сексуална пасивност, што доволно е да си ставите едно во бањата за да се разбие секоја и секаква претензија на вистинска мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со примеров од Приказни за градот, предметот изгледа изразува извесна женствена нијанса во домашното украсување, китен порив да се наџиџа дури и празниот простор „над тоалетното казанче“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби нема ништо многу мистериозно во процесот преку кој еден таков објект станува сврзан со конкретен сексуален и родов стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)