Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)