ништо (имн.) - што (зам.)

Но кога видел дека внатре нема ништо што да е вредно, од злато или од сребро, се налутил и го џитнал низ прозорецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не постои ништо што не е збор. Дури ни вечноста, дури ни минливоста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ќе сфатиш постепено, Винстоне. Не постои ништо што ние не би можеле да го направиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сето тоа е од храната на Внатрешната партија. Не постои ништо што тие свињи го немаат, ама баш ништо. Но келнерите, служителите и луѓето, се разбира, крадат и... види, имам и мало пакетче чај.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е важно колку е ова вистина зашто нема ништо што е вистина или невистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Смачено ми е од тоа што сѐ е поврзано со сѐ и нема ништо што може да се исклучи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)