нишка (имн.) - на (предл.)

Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Постоеше една нишка на разбирање меѓу нив, поважна од симпатијата или од едномислеништвото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, огледалото се нашите сегашни очи, позади кои се крие минатото, но во нишката на погледот на секого се насетува надеж за подобра иднина!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како продолжуваше да раскажува така тропањето на камчето во матарката на Шишмана, аритмично, му ја прекинуваше нишката на кажувањето секогаш каде што помалку треба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не, доста, се обиде да се отплетка од нишките на сеќавањето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сонцето V Се движат тие по усамениот брег со нишките на мојов залез во коските.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето, за кого провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крвареше. Се надраснуваше на дождот, на влагата присутна во него само со непрекинатата нишка на шумот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има ли живот на оние ѕвезди, Марија, да прашувам. Нишките на нашата љубов не допираат до тие ѕвезди, да слушам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѕид - студен и сив како есен; во напукнатиот ќош, среде танки нишки на заплеткана пајажина, се скаменил црн, влакнест пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд не се стегале да ја искористат таа нишка на мизогинијата во околниот сексизам на поширокото општество за да го постават својот чин на општествен пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето кога провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зборовите, остри како запци на пила, не стастуваат да ги престружат нишките на свеста, испредени до незаборавната младост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рацете го допираа вжештеното јаже, светлото платно, нишките на шевовите, зажарени од летното сонце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)