Широкото филолошко образование на Константин, неговата лингвистичка ерудиција ги разјаснува оние врски што глаголицата ги има со грчкиот систем на писмо и со низа источни системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според најприфатеното мислење, Константин требало да ја создаде токму глаголицата како потполно оригинално словенско писмо, засновувајќи се врз грчки прототип и позајмувајќи низа знаци од источните системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Создавачот на глаголицата ја пронаоѓа фонетската сличност на оние звуци во старословенскиот јазик кои не постојат во грчкиот но постојат во низа источни јазици, и сообразно со тоа, се позајмуваат и соодветните графеми, што ја пренесуваат фонетската вредност во графички симбол.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)