Во Франција се забранети јавните куќи, но тие сепак постојат и за тоа се користат низа други форми и начини на работа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Старата беговска куќа, градена пред двесте години, во низата други слични куќи крај реката, имаше приземје и кат, со убав издаден чардак, авлија која водеше кон убаво средената бавча со насадени цвеќиња во првиот дел и со зарзават во другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се определи за разглед со Татко и на заемките со почеста употреба во балканските јазици како: фодул, фодулук, мурдар (гнасен, нечист), фајда (корист, полза), шаитлак (доказ, свидетелство).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски најде и низа други турски заемки кои си го свршиле своето во балканските јазици, но чие значење не можеше лесно да исчезне, задржано или во усната и писмената народна меморија или на недоискажаното во новите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Притоа ја користеше нејзината директна антитеза - досадата, не само како впечаток што најчесто го оставаат неговите филмови, туку и како чувство на самите протагонисти кои се досадуваат пред камерите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол спроведе и низа други инверзии во поглед на Холивуд, како што неговата Фектори е антитеза на гламурот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Инаку, тоа што важи за математичкото мислење, можеме да го тврдиме и за цела низа други видови мислење, на пример, за одлучувачкото.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но овде, за разлика од Монголија, обидите не беа успешни од повеќе причини: големи разлики во дијалектите на кинескиот јазик, историска традиција, поглед на свет и низа други фактори.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така, во Кина по Втората светска војна и по доаѓањето на Мао Це Тунг на власт, се вршеа обиди со замена на гломазниот систем на кинеското писмо со поедноставно кирилично писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој процес на графичко творење, Месроп Маштоц може да се користи со оние графички примери, кои му се достапни, а тоа се: пехлевискиот, сирискиот, етиопскиот, грчкиот и низа други системи на писмо, чија што графика покажува сличности со знаците на староерменскиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во исто време, Месроп Маштоц свесно ја раскинува надворешната врска со графичкиот нацрт на грчкиот систем на писмо, земен како прототип, и слободно ја изнаоѓа графичката форма на знаците.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако се суди според тој еден филм и според низа други крафордовски средства, Џоан Крафорд била извонредна во претставувањето силни жени кои, сепак, станале жртви, барем некое време, на потенцијалните ужаси и на трагедијата на нормалниот семеен живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ги нагласува типично мачоистичкиот неслух на каубојот за иронија, неговото целосно немање свест за можната двојност на неговиот говор; открива колку упадливо нема дух (што е и недостаток и, барем за да биде бучот привлечен, крунска доблест); ги вкрстува, на класичен камповски начин, кодовите на мажественоста и на женственоста231 (спореди со апокрифната приказна за тоа како за време на една литургија Талула Бенкхед му спуштила на некој свештеник кој го нишал кандилото: „Срцка, мантиичево ти го обожавам, ама чантичево ти е џиш“); ја разбива атмосферата на мажествена сериозност околу стрејтерската машка атлетска изведба и нејзината еротска привлечност за геј- мажите; сведочи за неспособноста на кампот дури и да си замисли машки свет во кој ќе живеат исклучиво „нормални“ мажи; ја изместува насоката на разговорот од здодевно, неиронично мажествена кон иронично женствена; го спушта каубојот преправајќи се дека божем го побркал со заиграна дрег-кралица, а тоа значи дека го става неколку скалила подолу на лествицата на сексуалната престижност од онаа на којашто навистина се наоѓа; но и имплицитно ги кара другите присутни мажи што толку сериозно го сфаќаат Каубојот, а сепак не прават ништо за да ја сменат привлечноста поради која и понатаму е предмет на нивното еротско интересирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Категоричниот јаз во традиционалната машка геј- култура помеѓу убавецот и кампот, помеѓу гламурот и хуморот, излегува дека е изоморфен со низа други симетрични и поларизирани вредности, кои, пак, се во сооднос со една основна спротивност помеѓу мажествените и женствените родови стилови. (Кампот, очигледно, „не е мажествен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А дури и да немаме инстинктивно сознание за тоа што им значела Џоан Крафорд на геј-мажите од претходните ери, барем ја имаме привилегијата да можеме да се извадиме од гравитациското поле на нејзината силна привлечност и да размислиме за природата на таа нејзина привлечност на релативно незасегнат и непристрастен начин – спокојно, љубопитно и од редица можни стојалишта – што значи дека ни е полесно да коваме критички метајазик на кој ќе зборуваме за тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто така, во овој миг го имаме и нужното растојание за да поставиме низа други прашања.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, класичниот есеј на Ричард Дајер „Џуди Гарланд и геј-мажите“ ја истакнува нејзината „комбинација од сила и страдање“, посочувајќи ја како извор на нејзината геј-привлечност.423 Таа комбинација навидум на извесни начини соодветствува со комбинацијата на гламурозноста и абјектноста што ја издвојува кинематографската персона на Џоан Крафорд и што, барем делумно, ја објаснува моќта што ја има врз своите геј-обожаватели.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така идентитетите не ни се непосредно на удар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(...)Нови форми и граници чиешто значење е нејасно или 50 Бауман (и низа други теоретичари) го преферираат терминот ’глокализација’ наместо ’глобализација’, нагласувајќи ја меѓусебната врска меѓу глобализација и територијализацијата/ локализацијата како взаемно исклучиви но истовремено и заемно поттикнувачки процеси.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)