3. Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Колку за споредба, во 1976 директорите во Западниот свет земаа плати за 36 пати поголеми од платата на просечниот работник, додека во 1993 просечните директорски плати беа дури 131 пат поголеми од платите на просечните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во тој момент гледачот се вплеткува во имплицитната Ешерова верига од нивоа, во која над секое ниво има некакво „вишо“ ниво на поголема „реалност“, додека под секое ниво постои некакво нижо, „поимагинарно“ ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)