А кај мене за јадење има доста. Ете, имам цели ниви со домати и пиперки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Набргу потоа автобусот се изгуби зад нивјето со пченки, а токму таму започнуваше автопатот што водеше кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А израсна овде. Го познаваше овој предел уште кога на тоа место имаше ниви со пченка и компири и го гледаше овој предел како се развива.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговиот збор, како и оној на ибн Бајко. Манастирот имаше нива со глина и Петре уште од мал се нафати со грнците.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Брат ми ги пасел воловите и ги натерал во нива со ѓонче, а се знае дека ѓончето или детелината е премногу силна храна и воловите немаат наситка од него.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Трговецот со добиток успешно го погоди името „тутун“ и го доби облогот со врагот. Му припадна целата нива со тутун.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По враќањето на свети Ксавиер, него најпосле го истерале со помош на светиот пантаграм.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)