Она на што Витгенштајн сака да му се спротистави, е барањето изразено преку тврдењето „доколку има некаква нејасност во правилата, тоа воопшто не е игра”, или барем дека тоа не е „совршена” игра (PI, I, 100).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеме да се согласиме дека јазикот, општо земено, е раководен од правила, но да допуштиме дека смислата на еден израз, сепак може, во извесни употреби или околности, „ова или она да го остави отворено” (PI, I, 99).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)