Патем се чувствувам како некаков женски Дон Кихот кој сѐ уште е засегнат за својата Убава Книжевност, во време кога таа го менува својот лик, кога нештата се мерат со етикети, а не со содржина, во време кога и Литературата ја прекриваат со имињата на нејзините произведувачи. Armani, Eco, Toshiba...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога се фатија за јазлите уште еднаш застанаа поради бесмислена надеж да не нешто се мени.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тогаш за првпат разбра колку нешата се смениле, оти му беше тешко и непријатно да го зборува јазикот што (сѐ уште) совршено го познаваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Нешто се случи. Не знам што, ама овде Германците Гала не ја гибнаа само што тој офицерот нејзин ѝ го отргнаа, сигурно на Источниот фронт го пуштија така што Гала тука остана само со срамот на образот...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нешто се влечкаше по земја и сите шумови брзаа да стивнат и да се разбегаат од страшното дишење на пустината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, нешто се деси и у текот на пишувањето текстов неприметно мутираше у стрип.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
СОЊА: Ќе се навикнеш. БОРИС: Не сакам да се навикнувам. Цел живот на нешто се навикнувам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Последни на Деспина ѝ честитаа зетот Михали и Милка, тетките Сава и Танаска редејќи подароци врз нејзините рамена, помалите сестри Митана, Василка и Елеонора ја прегрнуваа и ја бакнуваа, а кога пред неа застана мајката Роса, Деспина се наведна и ѝ бакна десна рака при што малечките очиња на Пела забележаа како нешто се префрли од дланката на баба Роса во дланката на дада Деспина, ама и објаснувањето дојде од устата на баба Роса која со растреперен глас надвладеа над вревата Ва лирта, мајкина, у р′кта ми а стави мојта мајка а у нејнта нејнта мајка на ваков ден за срејќа зравје и ск′па љубов! и сега она се посегна и ја избакна ќерка си во двата образа измешувајќи си ги истовремено и солзите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На еден куп отпадоци зад петнаесеттата зграда од големата станбена населба Мише и Петре забележија како нешто се движи.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Оставил намерно отровот да му го изеде животот. А можел да си помогне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некое гадно труење на крвта. Ете, такво нешто се случило. Ништо друго.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зошто не си помогнал, тоа никој никогаш нема да го дознае".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)