Само стиснете ја петелката, - ги предупредуваше, - зашто секој неуспех во тоа изгледа многу грдо и кога ќе се гледа вака, оддалеку. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нема сомнение, по сите неуспеси во Цариград и Солун, сега, кога имал пари во џебот и ветен динамит, Орце барал дела - и ништо друго.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)