неуредност (имн.) - на (предл.)

Доколку биде утврдена дисциплинска неуредност на работникот ќе му се изрече една од следниве дисциплински мерки: (1) писмена опомена или (2) парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност, во траење од еден до три месеци, додека пак за утврден дисциплински престап се пропишаа следниве дисциплински мерки и тоа: (1) парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; (2) распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и (3) престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за вработениот со статус на давател на јавна услуга кој го сторил престапот (чл. 37-т).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Неуредноста на мислите потсетуваше на ненадејните сеќавања кои ме опседнуваа без да ја покажат својата цел и на безуспешниот обид за нивно линкување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)