несреќа (имн.) - ги (зам.)

Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Голема несреќа ги снашла - ѝ зборуваше на Елза.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Истото тоа, од збор до збор, сум го чул од покојникот. - Само ќе го закопаме, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќва не спиев и пак сонував. Карпиве околу нас несреќа ги повелаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во неа се зборува за Карабеќерица која живеела со својот син Демир - убаво, свидно момче на седумнаесет години.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Живуркала самата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден синот на Карабеќерица ѝ го убиле во П'џов Дол, близу нејзината куќа. Напасниците немале грев.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога мајка му го дочувала, го доизгледала што се вели за женење, да доведи во куќата одменица, берокуќница, големо зло и несреќа ги сосипало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Каде? Прудолу... Гласот ѝ секна. Со раката замавна пред очи и по подолго молчење, прошепоти: - Големо лошо и страшна несреќа ги снајде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)