Колку и да се тешевме со мајчината изрека дека заедничката несреќа е помала несреќа, на портата на нашата куќа тропаше сигурно смртта. Таа овој пат го повикуваше семејството, Козар маало.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Нивната несреќа е и твоја, не потсмевнувај се! - Да чува Господ!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Несреќата е само дека не попаѓа веднаш на правиот пат, како да го издава старата интуиција, а правиот потез намерно се крие од него, како што се крие шалаво дете зад грбот на други деца на одморот во школскиот двор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Несреќата е можеби во мелодрамските исчекувања. Можеби.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Дали несреќата е само за да се разбере среќата, мајката, дали доброто е несфатливо без злото?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако е за право, секоја несреќа е смешна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)