Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)