Стравот од донесување одлука којашто нема да успее да ја изнајде туѓата согласност, всушност, и не беше страв од несигурност во себе, туку необично спротивно: страв од силната верба во своите расудувања и, на тој начин, нивно поставување пред расудувањата на другите луѓе.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Така може истовремено многу да ме сака, а поради друга причина, како на пример несигурност во себе, со иста толкава мера да ме мрази.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Земјата стои на стаклени нозе, луѓето чувствуваат несигурност во себе, несигурност во погледот на тие што ги опкружуваат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа беше последица на огромната несигурност во себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Па, мислам да, се разбира - рече Хелвиг, со извесна несигурност во гласот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)