Тој на бугарската влада ѝ ја пренел цврстата решеност на царската влада, како и на Виена, да не дозволат никакви промени во овој дел на Балканот и барал од претставниците на македонската емиграција во Бугарија и од тие на МРО (д-р Татарчев Христо Матев) со кои се сретнал да водат сметка за тој факт и да не предизвикуваат нереди во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На економскиот неред на политичко рамниште му соодветствува нередот во мислењето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што не избиваат напред, не заостануваат одзади и не прават неред во срадината.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Поголемиот дел од шупата си остана ателјето на Гого, со сиот неред во кој само тој си го (или: му го) знаеше редот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Макар што си повикан да внесеш ред во душите на луѓето, одеднаш навлегува таков неред во твојата сопствена од кој не само што не можеш да испливаш со главата туку не стасуваш ни да дојдеш до здив.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Младен од далеку ја фрли капата на разместениот кревет, гласно негодувајќи поради затекнатиот неред во куќата. - Нема, нема!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)