Заради старост, диоптрија или недостиг на вистински непријател во војна, се одмаздуваа врз сопствените потомци и врз оние кои, во истата земја, на поинакви начини војуваа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кој сум јас за оваа машинерија за создавање непријатели, за да се осмелам го „рехабилитирам најголемиот албански непријател во историјата”, дури да го бранам неговото дело во докторска дисертација?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Комесарот на бригадата излезе напред и почна да чита: ЗАПОВЕД Во вчерашната борба со фашистичкиот непријател во селото Мацково, под дожд куршуми, селанчето Трајче, нашето курирче, покажа херојска храброст.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Под неговото длето, му се чини, подлегнува пркосен непријател во челичен оклоп и само нему му е одредено да го продупи со мечот (длетото е веќе остар меч) на човечката правда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тие успеси овозможиле во најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно ослободителни одбори).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)