непокор (имн.) - на (предл.)

Штом стрелките дојдат до таа позиција на 5 часот и 17 минути, тогаш ќе рикне една снажна, народна, патриотска песна, која ќе говори за непокорот на овој народ, за сите херои родени и неродени кои газеле и ќе газат по оваа земја - продолжуваше Гаврил пред огледалото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И во такви мигови очај предизвикан од непокорот на книгите наредени според неговата волја, но едновремено од некакво внатрешно задоволство кое само тој би можел да го почувствува, Климент Камилски појде кон нашата куќа крај реката да се сретне со Татко прв пат по неговото враќање од Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)