неподвижност (имн.) - на (предл.)

Тогаш тој, станува дебил. Во неговиот ум, неподвижноста на сликите почнува да реже свои форми.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Брат ми ја забележа неподвижноста на мојот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го опфатила и неподвижноста на малото, кусоного, волнесто мече, со сите оние негови несмасни кружења околу стапицата, кое било физички сосема слободно и можело да замине понатаму, каде сака, или барем малку да отстапи од тоа колнато место, малку да се подисплаши од човекот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можам ли сега да ја разликувам кататоничката неподвижност од неподвижноста на некој глумец којшто симулира кататоничка неподвижност?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, од моќ во ноќ , напоредно со моето се побавно пишување, се сменуваа многуте Рубини Фаин, Се додека во сеќавањето не остана нејасна силуета на жена што заприлегала на неподвижноста на камен, или на камен од кој природата обликувала жена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Тоа е заради невнимателноста на доктор Краус,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можам ли да кажам, набљудувајќи и испитувајќи, дали некој е во длабока медитација, длабок транс, под хипноза, се преправа дека е парализиран, навистина парализиран, целиот смрзнат од страв, или всушност може да се движи, но не смее и не го прави тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)