недела (имн.) - ден (имн.)

И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За асексуална дружба од недела дена, за муабет и гледање во дланка! И не ја враќа назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Влатко веднаш помисли дека за двајца тоа би чинело 7000 денари, и уште по 500 денари џепарлак - 8000 денари за недела дена, неможно за финансиската положба на родителите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веќе недела дена во нашата женска куќа се раздели струјата, некоја фаза ни фали.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)