недела (имн.) - го (зам.)

Кога татко ми ќе тргнеше на пат, најмалку две недели го немаше дома. Понекогаш и по месец, по два.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во моментов ми се чини непримерено жалењето дека луѓето како Walter, Klemperer, Reinhardt итн. мораат да се откажат од своите концерти, дотолку повеќе што многумина вистински германски уметници во текот на изминатите 14 години беа осудени на молчење, така што случувањата, кои последниве неколку недели го немаат нашето одобрение, се само природна реакција на тој факт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Додека јас во продолжение на неколку недели го убедував Гарванов дека ниту Милан Арсов ниту Георги Богданов во времето на истрагата и пред Воениот суд не рекоа ништо што би го компромитирало, Иван Гарванов упорно продолжуваше со своето тврдење дека тој е жртва, дека настрадал поради предавство и сл.“ 195.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секоја недела го добивам весникот Телерама (магазин со телевизиска и радиопрограма, проследен со неколку интересни статии).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако не пресолувам - тој секое зрнце песок со недели го заобиколува.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Следната недела го застрелаа и весникот веднаш беше затворен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)