недела (имн.) - треба (гл.)

Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од ова со прскањето на петте чаши во текот на една недела треба да ѝ стане незгодно и на самата неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Па добро, бре, жено, зар три недели требаше да чекаш за да ми го кажеш ова?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)