недела (имн.) - е (гл.)

Недела е и камбаната на црквата Свети Никола во Езерец повикува на молитва.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Што се случува сега. Недела е. Пак тој грозен ден. Јас пак сама дома.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Недела е, мирен ден. Размислувам, каде да ја потрошам креативната енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
О Тешкото... Зурли штом писнат на рамковна свадба недела е ден за нова дивоградба пиштоли фрчат, овчо се гнете слушнав на вести убиле дете О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Недела е. Сите се дома – и тато, и мама, а се разбира, и бабата и Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)